Роналдо ја претстави Златната топка и за осум минути ја потопи Севиља (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо денеска на „Сантијаго Бернабеу“ ја претстави Златната топка која пред два дена по петти пати во својата кариера му беше врачена, а Реал Мадрид по првиот дел води со убедливи 5-0 против Севиља. Роналдо постигна два гола, во 23-та и 31-та минута и така практично го реши победникот на оваа средба.