
Роналдо го одбил најголемиот договор во историјата на фудбалот!
Роналдо во декември одбил понуда од неименуван кинески клуб вредна дури 200 милиони евра за две сезони!
Португалецот од секогаш се водел по спортската мотивација и парите не му биле секогаш во прв план, а за тоа најдобро сведочеше и неговиот трансфер од Манчестер во Реал во 2009 година.
Сега се очекува потврда на медиумските најави дека Роналдо ќе се пресели во Јувентус за 100 милиони евра и годишна плата од 30 милиони.
Тој во својата кариера играше уште и за Спортинг, а на 763 натпревари во клупската кариера постигна 573 погодоци. Во националниот дрес, тој на 154 настапи постигна 85 гола.
Со Јунајтед освои девет трофеи, а со Реал 15. Со Португалија беше шампион на Европа во 2016 година.