Роналдо донесе реми за Јувентус против Рома и со играч помалку (ВИДЕО)

Рома и Јувентус ремизираа 2-2 во дербито на 2.коло во Серија А. Кристијано Роналдо беше играч на натпреварот, бидејќи ги постигна двата гола за шампионот, а вториот кога неговиот тим играше со црвен картон. 

Првите два гола беа постигнати од белата точка и двата поради игра со рака во шеснаесетникот. Жордан Верету беше прецизен за Рома во 31-та минута за 1-1. На спротивната страна погоди Роналдо на една минута пред крајот на полувремето. Верету во судиското продолжение на првиот дел, по една фантастичн контра ја врати „волчицата“ во водство од 2-1.

Работите можеа да бидат многу полоши за „Старата дама“, бидејќи Адриен Рабио заработи втор жолт картон. Един Џеко имаше две прекрасни шанси можеби да го реши натпреварот, но кога Босанецот не погоди, на спротивната страна Роналдо не згреши. 

Португалецот доби центаршут од десната страна од Данило и со небески скок ја надлета одбраната на Рома за да погоди со глава за 2-2 во 69-тата минута.