Роналдо брка несекојдневен рекорд, ама и Луис Суарез може да му се придружи

Кристијано Роналдо веќе собори бројни рекорди во Саудиска Арабија што и не беше многу тешко имајќи ја предвид историјата на лигата, но сега може да израмни едно големо достигнување до кое многу фудбалери немаат шанси ни да се доближат.

Со 26 гола, тој е најдобар стрелец во саудиското првенство и најверојатно така ќе биде на крајот од сезоната со оглед на тоа што најблиску до него е Александар Митровиќ кој неодамна се повреди и ќе го нема најмалку еден месец. Роналдо нема шанси за титулата со својот тим (заостанува 12 бода), ама на индивидуален план му оди одлично. Ако не дојде некое неочекувано сценарио, тој ќе биде најдобар стрелец и во четврто различно национално првенство во својата кариера како прв фудбалер во историјата кому му успеало тоа.

Во 2008 година тој беше прв голгетер на Премиер лигата, потоа во Ла Лига три пати го доби истото признание како играч на Реал, а во 2021 со 29 гола беше најдобар стрелец и во Серија А.

Но, покрај Роналдо, слично достигнување брка и уругвајската фудбалска легенда Луис Суарез кој одлично ја почната сезоната во МЛС каде од оваа година настапува за Интер Мајами и на првите седум натпревари постигна пет гола. Претходно, тој беше најдобар стрелец во холандското, англиското и шпанското првенство, а лани за малку не го собори рекордот бидејќи за три гола не беше најдобар голгетер во бразилскиот шампионат. Со оглед на тоа што саудиското првенство е во финишот, а МЛС штотуку почна, јасно е дека Роналдо ќе биде првиот што, евентуално, стана најдобар стрелец во четири лиги, а Суарез би можел подоцна да му се придружи.