Рома му врачи отказ на Даниеле Де Роси!

Рома го отпушти Даниеле Де Роси по лошиот старт на сезоната, волчицата ќе бара нов тренер по само четири кола во Серија А.

Во летниот преоден рок Рома потроши над 100 милиони евра за засилувања, а тимот се уште нема победа. По четири одиграни меча тие се на 15. место со три освоени бода, а данокот го плати Де Роси.

„Рома соопштува дека го отпушти Даниеле Де Роси од должноста тренер на првиот тим“, стои во соопштението на Рома.

Засега не е познато кој ќе биде новиот тренер.