
Рома добива нова „деветка“ - најдобриот стрелец од Ла Лига
Довбик блескаше во дресот на Жирона и беше блиску до трансфер во Атлетико Мадрид, но се премисли и реши да ја прифати понудата од Рим.
Рома за трансферот на Довбик ќе плати 30,5 милиони евра плус 5,5 милиони евра преку бонуси, а исто така на Жирона ѝ се загарантирани и 10 отсто од следната продажба на Украинецот.
Украинскиот напаѓач минатата сезона ја заврши со 25 погодоци и 10 асистенции на 41 настап за Жирона.