Ројс ќе замине од Дортмунд, но ќе остане во Бундеслигата

Германскиот фудбалер Марко Ројс доби статус на легенда во Борусија Дортмунд затоа што успешно со години го носи дресот на „милионерите“, но летово најверојатно ќе замине како слободен агент.

Ројс на крајот на сезоната би можел да го напушти Дортмунд, но ќе остане во Бундеслигата, односно се очекува да потпише договор со Борусија Менхенгладбах.

Искусниот фудбалер досега одигра 415 натпревари за поранешниот шампион, а притоа постигна 167 голови и 126 асистенции.