Родри: Чувствувам дека можам да се вратам оваа сезона!
Родри во моментов е на долгата рехабилитација по операцијата на лигаментите. Прогнозите се дека тој ќе се врати на почетокот од следната сезона, но фудбалерот на Сити верува дека тоа ќе се случи порано.
„Чувствувам дека можам да се вратам оваа сезона, да. Можно и можам да направам да се случи“, вели Родри.
„Во моментов се опоравувам, без притисок, важно е да се опоравам на најдобар можен начин“.
„Сезоната е долга, има и ново Клупско Светско Првенство, па можам да се вратам“.
Манчестер Сити без Родри е како друг тим, веќе наредија четири порази по ред.