Ристовски во јануари ќе мора да си најде друг клуб – во Спортинг повеќе нема иднина!

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски ќе мора во јануари да најде друг клуб, зашто во Спортинг Лисабон повеќе нема иднина, откако португалски „Рекорд“, многу близок до „лавовите“, објави дека вратата за првиот тим и дефинитивно е затворена за десниот бек.

Ристовски уште од септември се најде во немилост на тренерот Рубен Аморим, кој го испрати во Б-тимот и го стави на „трансфер листа“, но иако имаше скоро сигурен трансфер во Динамо Москва, македонскиот репрезентативец реши да тера инает и да остане во Спортинг, со надеж дека ќе успее да го разубеди Аморим и раководството за пак да му дадат шанса во првиот тим.

Но, како што објавува португалскиот весник, вратата е затворена за Ристовски и Аморим нема намера да го враќа, па поради тоа, Ристовски е најдобро да се подготвува за трансфер во јануари, зашто и тоа како ќе биде неопходен за Македонија и во мундијалските квалификации, ама и на Евро 2021 и ќе мора да биде во форма, која секако нема да ја достигне само со тренирање во Б-тимот.

Останува да се види каде ќе продолжи Ристовски, а после ваквата одлука на тренерот, можно е да следува спогодбен ракин на договорот и македонскиот репрезентативец бесплатно да замине во друг клуб. Летово Спортинг бараше три милиони евра за трансфер.