Ристовски со нов гол се загреа за продолжение на сезоната и спасот на Нитра (ВИДЕО)

Македонскиот младински репрезентативец Милан Ристовски постигна денеска гол од пенал во пријателскиот меч со Слован Братислава во поразот со 1-2, колку да се загрее за пеколната битка за опстанок со својата Нитра.

Словачкото првенство продолжува на 13 јуни после паузата поради пандемијата со коронавирус, а погодокот за Ристовски е одличен за со голема самодоверба влезе во плејаутот и да се обиде со головите да придонесе за опстанок на Нитра, која моментно е претпоследна во лигата.

Македонскиот младински репрезентативец, кој игра на заем од Риека, до прекинот на сезоната со девет гола беше втор стрелец во првенството, веднаш зад Андраж Шпорар, кој имаше 12 во дресот на Слован, ама на полусезоната замина во Спортинг Лисабон кај братот на Милан, Стефан Ристовски.