Пјаниќ го молеше судијата да не му покаже црвен картон на – противникот (ВИДЕО)

Босанскиот репрезентативец, Миралем Пјаниќ, ја воодушеви јавноста со потегот на денешниот пријателски меч против Гимнастик (4-0), кој не беше фудбалски туку беше од сферата на ферплејот.

Пред крајот на првото полувреме, Алекс Квинтанила од таборот на нисколигашот доби директен црвен картон, по еден остар старт врз Рики Пиуг на ивица од шеснаесетникот. Ретко кој очекуваше вака строга казна, особено што беше пријателски меч, но судијата не сметаше дека е престрого.

 

 

Веднаш по неговата одлука, фудбалерите на Гимнастик го обиколија протестирајќи на престрогата казна, а изненадувачки меѓу тие што најжестоко се бунеа беше и играчот на Барса, Пјаниќ. Но, ниту неговите молби не вродија со плод, па Квинтанила мораше предвреме во соблекувалната.