Реми како по мерка на Реал: Севилја се спаси пораз од Селта (ВИДЕО)

Актуелниот лидер во шпанската Ла Лига, Реал Мадрид има шанса да избега на шест бода пред главниот ривал сезонава, Севилја, која вечерва успеа да се спаси од пораз против Селта Вого, но загуби два драгоцени бодови во трката за шампионската круна со ремито 2-2.

Андалузијците за три минути во завршната четвртина од мечот успеаа да дадат два гола и од безизлезната ситуација да останат непоразени, но второто реми во низа повеќе е услуга за „кралевите“, одошто добра вест за нив во трката сезонава за круната.

Папу Гомез и Оливер Торес во периодот од 71-та до 74-та минута погодија двапати за да обезбедат реми за Севилја, откако второпласираниот тим во Ла Лига пред крајот на првиот дел се најде во незавидна положба, откако Селта за три минути дојде до убедливи 2-0, прво го гол на Церви во 37-та, па на Јаго Аспас во 40-та минута.

Севилја со овој бод сега има 46 на второто место од 22 одиграни меча, додека Реал е на 49 бода со меч помалку. Селта, пак, со 27 бода е на 11-то место на табелата.