Рекорд: Судија подели 14 жолти картони на меч во Премиерлигата

Еден од најпознатите судии Ентони Тејлор немаше многу нерви на мечот меѓу Борнмут и Челси (0-1) во Премиерлигата, па подели дури 14 жолти картони, што е најмногу во историјата на еден меч во елитата.

Иако немаше груб фудбал на теренот, сепак Тејлор делеше картони за секој приговор кон него, а не ги поштеди ниту тренерите на клубовите.