Ребиќ заработи грозоморна повреда против Кротоне (ВИДЕО)

Анте Ребиќ не го доигра дуелот помеѓу Кротоне и Милан, бидејќи мораше да го напушти теренот по 55 минути игра поради повреда. 

Хрватот спринташе во контра, но беше фаулиран од зад грб и незгодно падна на рамето. Иако се чинеше дека има исчашување на рамето, тој всушност го повреди лактот. Заработи дислокација на коската, а од видеото се забележува дека повредата не е наивна. 

Италијанските медиуми велат дека Ребиќ поминал добро, бидејќи првичните прегледи покажале дека нема скршеница на ниту една коста на раката.