Реал Сосиедад конечно победи по рестартот на сезоната (ВИДЕО)

Реал Сосиедад го совлада „фенерџијата“ Еспањол со 2-1 во рамки на 33.коло во Ла Лига. Ова беше прва победа за тимот од Сан Себастијан откако продолжи сезоната.

Претходно Сосиедад на беше пет натпревари без победа, односно имаше четири порази во низа. Работите не тргнаа добро ниту вечерва за баскијците, бидејќи Давид Лопез ги доведе гостите во водство по 10 минути игра. Пресвртот дојде во второто полувреме, кога најпрво Вилијам Жозе погоди за 1-1 во 56-тата минута, а Александер Исак ја донесе победата во 84-тата минута.

На вториот натпревар што стартуваше во 19:30 часот, Осасуна како гостин славеше кај Еибар со 2-0.