Реал Мадрид заштеди 75 милиони евра од четворката што си замина
И ако за вчерашната тројка беше очекувано, заминувањето на Бензема, последната „златна топка“ е шок за сите навивачи на мадриѓаните, но за Флорентино Перез во целиот овој турбулентен период има и една добра вест – заштеди 75 милиони евра на годишно ниво.
Според информации на шпанските медиуми, иако Перез се обидувал да го разубеди Бензема, сепак неверојатно богатата понуда од Саудиска Арабија, Французинот не можел да ја одбие, а „кралевите“ ни приближно можеле да се тркаат со истата, па затоа и првиот човек лесно ја прифатил желбата на напаѓачот, зашто прв интерес е „кралскиот клуб“.
Реал од Асенсио и од Маријано заштеди на годишно ниво по девет милиони евра бруто, колку што би им исплаќал најмалку ако останеа (може и повеќе ако потпишеа нови договори), а од Азар кој немаше никаков придонес се заштедени 28 милиони евра бруто, додека од Бензема дури 30 милиони евра бруто.
И ако на ова се додадат дополнителни бонуси и премии што би требало клубот да ги исплати за новата сезона, заштедата може да надмине и 80 милиони, иако дополнителните трошоци се варијабилни и зависат од успесите.