Реал Мадрид се откажува од Нејмар и тоа само поради една причина - Мбапе!

Реал Мадрид иако беше во контакт со ПСЖ за трансфер на Нејмар, сепак се повлекува од трката да го доведе Бразилецот на „Сантијаго Бернабеу“. 

Двата клуба имаат одлични односи, па „кралевите“ не сакаат да ги расипат врските, бидејќи следното лето планираат да тргнат по Килијан Мбапе, пишува весникот „АС“. Вистинската цел на Реал Мадрид е младиот Французин, а не Нејмар.

„Кралевите“ знаат дека ќе биде тешко да го убедат ПСЖ да го продаде Мбапе, па затоа се обидуваат да одржуваат одлични односи со францускиот клуб. Следното лето Мбапе ќе има 21 година и зад себе веќе ќе има настап на Светско првенство и титула, како и настап на Европско првенство. Многу освоени титули со ПСЖ, па Флорентино Перез смета дека тогаш Французинот ќе биде подготвен да биде лидер на Реал Мадрид. 

Ако „лос бланкос“ навистина тргнат по Мбапе тогаш следното лето треба да очекуваме и нов трансфер-рекорд, кој моментално го држи Нејмар од 222 милиони евра.