Реал Мадрид нуди 45 милиони евра за дефанзивец на Ливерпул

Шпанскиот гигант Реал Мадрид ќе направи неколку промени во екипата следното лето, а претседателот на клубот, Флорентино Перез веќе испратил понуда од 45 милиони евра за левиот бек на Ливерпул, Енди Робертсон.

Робертсон би можел да го прифати повикот од Мадрид, но засега останува непознато дали 45 милиони евра ќе бидат доволни за да се убеди раководството на Ливерпул да го продаде искусниот дефанзивец.

Тренерот Карло Анчелоти го користеше Едуардо Камавинга како лев бек во дел од натпреварите сезонава, но францускиот фудбалер не се прослави затоа што тоа не му е природна позиција.