Реал Мадрид го добива првото засилување за следната сезона од Серија А!?

Шпанскиот гигант Реал Мадрид веќе планира да ангажира нови засилувања за следната сезона, а едно од нив би можел да биде Нико Паз од Комо.

Аргентинскиот фудбалер од редовите на калчолигашот привлече големо внимание од страна на „кралевите“, кои го продадоа на почетокот на оваа сезона за шест милиони евра.

Паз потпиша четиригодишен договор со Комо, меѓутоа со неговите настапи повторно би можел да си обезбеди преселба во Мадрид, пишува шпанска „Марка“.