Краковија го испрати Атанасов на позајмица во Пушча Неполомице

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов ја напушти Краковија и се пресели во МКС Пушча Неполомице на позајмица до крајот на сезоната.

Атанасов го носеше дресот на Краковија од 2023 година, кога пристигна од Хајдук Сплит, а оваа сезона одигра 11 натпревари и запиша една асистенција.

Во продолжение од сезоната ќе игра во Пушча Неполомице со која ќе се бори за опстанок во полската Екстракласа.