Гираси промаши пенал, но Дортмунд без мака обезбеди осминафинале во ЛШ (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд ремизира против Спортинг Лисабон (0-0) во реваншот во Германија, но се пласира во осминафинале на Лигата на шампиони (ЛШ) благодарение на триумфот во првиот меч од 3-0.

Една од најголемите шанси за „милионерите“ ја имаше Серхи Гираси во 59. минута, меѓутоа неговиот удар од белата точка му го одбрани голманот на Спортинг, Силва.

Спортинг не покажа ништо посебно на теренот и без посериозна закана кон голот на „милионерите“ се збогува од елитното натпреварување.

Пласман во осминафинале претходно обезбедија и Клуб Бриж, Баерн Минхен, Феенорд и Бенфика.