Реал Мадрид добил шест понуди за Асенсио, ама тој ќе остане на „Бернабеу“

Во иминативе два месеци од Шпанија многу често доаѓаа информации дека најторфејниот европски клуб Реал Мадрид планира да го продаде Марко Асенсио, репрезентативецот на Шпанија, но по се изгледа дека младиот офанзивец ќе остане на „Сантјаго Бернабеу“, иако на адреса на „кралевите“ има дури шест понуди.

Асенсио во минатата сезона одигра 44 меча за Реал, даде шест гола и имаше девет асистенции. Кога се врати Зинедин Зидан, Асенсио беше ставен на трансфер-листа кај фудбалери кои нема да бидат продавани по секоја цена, ама ако дојде понуда која би била интересна ќе добие одврзани раце за да си оди.

Според радиото „Кадена Сер“, кое важи за доста релевантно кога станува збор за мадридскиот великан, на „Бернабеу“ има шест понуди за Асенсио, а меѓу нив една е на актуелниот европски првак Ливерпул. За останатите пет не е познато од каде се.

Наводно во Мадрид решиле на крај сепак да го задржат левоногото крило. Асенсио има договор со Реал до 2023 година.