Реал Мадрид доби сериозна конкуренција за потписот на Килијан Мбапе

Килијан Мбапе не останува во ПСЖ, а во јуни 2022 година ќе биде слободен фудбалер откако ќе му истече актуелниот договор. 

Сосем е нормално што најголемите европски клубови ќе се наддаваат за неговите услуги, а главната „битка“ ќе се води помеѓу Реал Мадрид и Манчестер сити. „Кралевите“ се обидоа да го доведат Французинот и изминатото лето, но ПСЖ одби фантастични 170 милиони евра обештетување иако следното лето ќе го загуби бесплатно. 

Сега англиските медиуми јавуваат дека работата помеѓу Мбапе и Реал Мадрид не е комплетно завршена, бидејќи и Манчестер сити ќе направи напори да го договори напаѓачот.

Јасно е дека и „граѓаните“ можат да му понудат неверојатни финансиски услови на Мбапе исто како и Реал Мадрид, па клучна ќе биде желбата на самиот фудбалер за кој тим ќе сака да игра во иднина.