Реал е друго ниво - нуди ВИП места за 250 илјади евра

Шпанскиот и европски шампион Реал Мадрид го привршува реновирањето на својот стадион „Сантијаго Бернабе“ и во иднина ќе достигне ново ниво во своето функционирање.

На стадионот е планирано да има 300 ВИП места каде шпанските и странските милионери ќе можат да откупат ложи за следните 30 години по цена од 250 илјади евра. Тие ложи, како што тврдат од Реал, ќе бидат подобри од останатите, а целта е да се привлечат милионери за кои ќе биде ситница да платат толкава сума.

Покрај тоа што ќе можат да ги гледаат натпреварите на Реал, сопствениците на ВИП ложите ќе имаат пристап и на останатите настани на „Бернабе“, како што се концертите и НФЛ дуелите. Се очекува овие места да бидат пуштени идната година и ќе бидат само уште една од многуте новини на стадионот.