Распад-систем во Дортмунд, си замина и капитенот!

Борусија Дортмунд ќе доживее големи промени ова лето, а тоа беше најавено со заминувањето на тренерот Един Терзиќ, додека по негови стапки тргна и капитенот Матс Хумелс.

Искусниот дефанзивец има договор до крајот на јуни, а кажа дека ќе остане во Дортмунд само ако си замине Терзиќ, но и откако се случи тоа Хумелс реши да ги напушти „милионерите“.

Хумелс има богати понуди од МЛС-лигата и Саудиска Арабија, меѓутоа дефанзивецот не планира да замине од Европа и ќе чека примамлива понуда од некој гигант.