Рајт го нарече Бруно Фернандес роден победник, Кин му одговори: Има 29 години, ништо не освоил
Мечот го одлучи Бруно Фернандес со два гола во второто полувреме, па поранешниот играч на Арсенал го нарече роден победник. Кин не можеше да го премолчи тоа, па во свој стил му одговори на некогашниот голем ривал.
„Ништо не освоил во кариерата, а има 29 години. Ете, кажи, што освоил во кариерата?“, рече ирската фудбалска легенда.
Бруно Фернандес е член на Јунајтед од јануари 2020 година и досега со овој тим триумфираше само во англискиот Лига Куп. Сезонава е во игра само уште за трофејот во ФА Купот, но дури и да го освои, тоа не е голем успех за фудбалерот кој како големо засилување дојде на Олд Трафорд.