Рајс откри зошто не го прославил голот против Ирска 

Англија славеше со 2-0 против Република Ирска во Даблин, а головите ги постигнаа Деклан Рајс и Џек Грилиш, но во центар на внимание беше потегот на фудбалерот на Арсенал кој не го прослави погодокот.

Рајс по натпреварот доби прашање од новинарите зошто не го прославил голот против неговата поранешна репрезентација.

„Мојата баба и дедо од страната на татко ми се Ирци. Мислам дека прослава во таков момент би била непочит кон сите. Не сакав никого да навредам затоа не го прославив голот. Имав неверојатни денови и во младинските репрезентации на Ирска, но и првиот тим, им посакувам сè најдобро“, кажа Рајс.