Рабио го победи ПСЖ и на – суд

Француската ѕвезда Адриен Рабио, кој преживеа шестмесечен мобинг во Пари Сен Жермен зашто не сакаше да го продолжи договорот со „светците“, го победи гигантот и на суд, па сега парижаните ќе мора да му исплататедна плата, плус бонуси.

Рабио влезе во голема војна со клубот во јануари, кога реши да си замине, што ги налути челниците, па тие го префрлија во младинскиот погон, а фудбалерот за врска имаше забрана за пристап до првиот тим. Иако се најавуваше негово заминување во Барселона, на крај Рабио заврши во Јувентус, а ПСЖ му остана должен една плата.

Но, Рабио се реши ништо да не им прости на парижаните, па по судски пат си ја доби парницата според која ПСЖ сега ќе треба да му даде 40.000 евра, плус бонуси кои му следувале. Сето тоа парискиот клуб ќе мора да го исплати во најкус можен рок.