Рабио го одби Галатасарај зашто сака да игра во Премиерлигата

Францускиот интернационалец Адриен Рабио имаше можност да потпише за Галатасарај, меѓутоа искусниот фудбалер реши да ја одбие понудата од Турција.

Причина за одлуката на Рабио е тоа што сака да заигра во Премиерлигата од каде што интерес за неговите услуги покажаа две екипи.

Манчестер јунајтед и Њукасл ја следат ситуацијата со Рабио и наскоро би можеле да му достават понуда на Французинот, кој потоа ќе реши каде сака да ја продолжи кариерата.