Рабио, Ди Марија и Паредес си одат од Јувентус

Францускиот репрезентативец Адриен Рабио и аргентинскиот двоец Анхел Ди Марија и Леандро Паредес, двајцата светски прваци со „гаучосите“ си заминуваат од најтрофејниот италијански клуб по последното коло викендов и тројката ќе си оди – бесплатно.

На Рабио му завршува договорот и не преговара за нов, па веќе од поодамна се најавува негово заминување во Манчестер јунајтед, чиј тренер Ерик Тен Хаг притиска по секоја цена да го донесе како засилување за новата сезона, а патем и Французинот има желба да се испроба во Премиерлигата.

Ди Марија имаше едногодишен договор и Јувентус не планира да го задржи, па така и тој ќе си оди по завршување на оваа сезона, а бидејќи е слободен играч, се најавува како опција да дојде во Барселона, особено ако Лионел Меси се врати во Каталонија.

На Паредес, пак, му завршува заемот од ПСЖ и Јувентус нема да ја искористи опцијата за откуп, па овој аргентински фудбалер за врска ќе се врати на „Паркот на принцовите“ и потоа оттаму ќе бара нова дестинација, зашто не е во плановите на „светците“ за новата сезона.