ПСЖ со последниот потег му покажа на Нејмар дека не го сака во тимот (ФОТО)

ПСЖ се обидува да најде решение за да се ослободи од Нејмар, па може да се очекува дека Бразилецот до крајот на летниот преоден рок ќе си ги спакува куферите и ќе го напушти Париз.

Парижаните вчера имаа состанок со претставници од Барселона, но на крајот не успеаа да се договорат, иако Каталонците имале примамлива понуда.

Од друга страна и Реал Мадрид се бори за неговиот потпис, па се очекува наскоро конкретна понуда и од нив.

Во меѓувреме ПСЖ реши да го одвои Бразилецот од остатокот од тимот и да го пушти да трнеира сам, а така ќе биде додека не ја решат неговата иднина.