ПСЖ се разделува со Кавани: Договор сеуште нема!

Раководството на францускиот фудбалски шампион ПСЖ сè уште не преговарал со напаѓачот Единсон Кавани за обновување на договорот, објави „Ле Паризиен“.

Актуелниот договор на клубот со 32-годишниот Уругваец важи уште една година.

Оваа сезона Кавани настапи на четири натпревари за ПСЖ и постигна два гола. Сега играчот се рехабилитира од повреда.

Инаку, парижани се поизвесно е дека по истекот на активната сезона ќе останат без услугите и на Бразилецот Нејмар, кој веќе подолг период сака да се врати во Барселона.