
ПСЖ против Монако ќе игра во дресови во чест на катедралата Нотр Дам
За да учествува во повторната изградба на катедралата париската продавница за спортска опрема „фоот стор“ предложи интересна идеја. Од секој продаден дрес на ПСЖ, 10 евра да одат во добротворни цели за рестарвација на Нотр Дам.
„Светците“ во дерби дуелот против Монако ќе носат дресови во чест на Нотр Дам. Францускиот шампион издаде соопштение во кое нагласува дека планира да донира големи финансиски средства за повторно да се изгради катедралата.