ПСЖ постави нов рекорд - 14 месеци не е поразен на гостински терен

Екипата на ПСЖ сигурно чекори кон нова титула во франуското првенство и само прашање на ден е кога официјално ќе ја освои.

Освен што синоќа „светците“ го победија Лориен со 4-1, поставија нов рекорд во Лига 1 бидејќи го одиграа и 22. меч без пораз на гостински терен. Последниот неуспех надвор од „Паркот на принцовите“, ПСЖ го забележа на 11 февруари 2023 година кога загуби од Монако со 1-3. Претходниот рекорд го држеше Лион кој беше без пораз од март 2005 до април 2006 година.

Многу причини за задоволство има и најдобриот играч на ПСЖ, Килијан Мбапе кој стигна до 43 гола оваа сезона што е негов најдобар ефект во кариерата.