ПСЖ му покажа на Лион кој е главен во Лига 1

Францускиот шампион ПСЖ славеше против седумкратниот француски првак Лион со 4-1 на „Паркот на принцовите“ во 30. коло од Лига 1.

Натпреварот имаше ужасен почеток за гостите кои примија гол по само три минути, а набрзо погоди и Бералдо за да зголеми на 2-0.

Рамош беше стрелец на третиот гол за парижаните, додека Нуамах намали на 1-3 во 37. минута. Сепак, до крајот на првото полувреме Рамош погоди уште еднаш за предност на ПСЖ од 4-1.

Во второто полувреме не се менуваше резултатот, па така ПСЖ оствари нов триумф и сега има 66 бодови на врвот на табелата, односно 11 повеќе од Монако.