ПСЖ го „саботира“ трансферот на Гризман во Барселона

Антоан Гризман најави дека си заминува од таборот на Атлетико Мадрид, па сега почнуваат шпекулациите кој ќе биде неговиот следен клуб. 

Со оглед на фактот дека Барселона се обидуваше да го ангажира уште минатото лето, шампионот влегува како главен кандидат за неговиот потпис. Фрацуските медиуми најавуваат дека сега во трката за Гризман се вклучува и ПСЖ.

Францускиот гигант е подготвен да ја плати клаузулата од 125 милиони евра и да направи невеојатно напаѓачко трио со Нејмар, Килијан Мбапе и Гризман. Напаѓачот целата своја карире ја игра во Шпанија.

Тој пристигна во Реал Сосиедад како 14-годишник во 2005 година и играше во младинскиот тим. Од 2009 беше дел од првиот тим и настапи на 201 натпревари и постигна 52 голови во сите конкуренции. Во Атлетико се пресели во летото 2014 година и на 256 натпревари постигна 133 голови.