Психолог ги анализираше солзите на Роналдо и ги уплаши сите со заклучокот!
Токму тој емоционален слом на Роналдо сериозно го загрижи и психологот и менталниот тренер, Алберто Ферарини, кој заклучи дека ова е вклучување на црвениот алар, затоа што бесот може да донесе – повреди.
Роналдо откако беше исклучен постојано повторувал три зборови, дека не направил ништо, а солзите за лошото деби во дресот на новиот клуб каде дојде за 117 милиони евра го анализираше еден од најпопуларните италијански психолози.
„Роналдовиот плач е црвен аларм. Тој бес кој го задржува во себе и го собира може сериозно да се одрази на него. Тој бес може да се преобликува на мали начини, ама може да донесе голем ризик од повреди. На теренот, Роналдо има толку важно его и сега, поради своите големи очекувања, тој не може да даде сè од себе“, вели Ферарини.
Роналдо во Торино дојде како актуелен европски првак и најдобар фудбалер, ама притисокот сериозно се наметна дека неговото доаѓање е последната коцка во мозаикот на „старата дама“ за конечно да се освои европскиот трон по 1996 година, кога Јуве последен пат беше првак на Стариот континент.