Првпат во историјата: „Л’Eкип“ на Сетиен му додели оценка - единица!

Баерн Минхен синоќа ја уништи Барселона во четвртфинале со 8-2, а тоа предизвика потрес во каталонскиот гигант.

Тренерот Кике Сетиен очекува отказ во секој момент, а се бара негова замена. Интересно е тоа што синоќа сите фудбалери на Барселона имаа очајни оценки, а француски „Л’Екип“ ја даде најниската оценка, и тоа – единица на стратегот на Каталонците.

Од друга страна, тренерот на Баерн Минхен, Ханс Флик, доби деветтка.