Првпат по над половина век - последните шест титули во Серија А се освоени од шест различни тренери

Уште еден куриозитет е врзан за вчерашното освојување на шампионската титула во италијанското првенство од Интер.

Тренерот Симоне Инзаги е шести различен кој стигнал до Скудетото во последните шест години. Тоа е прв ваков случај во Серија А по периодот од 1967 до 1972 година, во кој само Јувентус освоил две титули.

Во последните шест години во Италија триумфираа Јуве (2 пати), Интер (два пати), Милан и Наполи. Како тренери, со шампионскиот трофеј се закитија Масимилијано Алегри, Маурицио Сари, Антонио Конте, Стефано Пиоли, Лучано Спалети и Симоне Инзаги.

За Сари, Пиоли, Спалети и Инзаги, тоа беа први Скудета во кариерите, а за Сари, Пиоли и Инзаги прва воопшто шампионска титула во национално првенство.