Првпат досега: Роналдо најискрено си кажа што мисли за Лионел Меси (ВИДЕО)

Во вториот дел од бомбастичното интервју на Кристијано Роналдо со Пирс Морган, се говори и за неговиот однос и мислење за најголемиот ривал, Лионел Меси.

Многумина сметаа дека Португалецот не може да го поднесе својот противник од Аргентина, но вистината е сосема спротивна.

„Секогаш сме се почитувале еден со друг. Меси е неверојатен фудбалер, магичен, најдобар. Ја делиме сцената 16 години, замислете дури 16 години. Имам одличен однос со него. Не сме пријатели во смисла да се дружиме, да се слушаме на телефон, да си одиме на гости, но тој ми е како соиграч, некој кого навистина го почитувам. И начинот на кој секогаш зборувал за мене, а дури и сопругите ни се почитуваат и двете се од Аргентина. За Меси можам да кажам само убави работи, тој направи многу за фудбалот“, кажа Роналдо.

Морган го праша и доколку се исклучи себеси, дали смета дека Меси е најдобриот фудбалер. Роналдо одговори потврдно.