Први проблеми во Реал: Мурињо му подаде рака на Винисиус и доби корпа
Според шпанските медиуми, Мурињо, кој по мечот се движел покрај теренот, наводно се упатил кон бразилскиот фудбалер со намера да му подаде рака и да го поздрави.
Сепак, наместо да возврати на поздравот, Винисиус, според истите извори, целосно го игнорирал Португалецот и продолжил по својот пат. Моментот брзо привлече внимание на социјалните мрежи, а реакцијата на Винисиус предизвика бројни коментари. Дел од навивачите сметаат дека станува збор за непотребно однесување, додека други оценуваат дека зад ваквата реакција можеби стои одредена нетрпеливост меѓу двајцата.
Нејасна е ваквата реакција на Винисиус ако се знае дека Мурињо е најзаслужен што тој потпиша нов договор со Реал.