Прв проблем за Коста во Атлетико Мадрид – не може да го добие омилениот број

Натурализираниот Бразилец, Диего Коста, репрезентативец на Шпанија, кој се врати во Атлетико Мадрид по тримесечната „шпанска сапуница“ за трансферот од Челси ќе заигра за мадридските црвено-бели од јануари, но на доаѓање веднаш наиде на проблем во старо-новиот клуб.

Коста по три години се враќа во Атлетико, во чии дрес блесна пред да направи трансфер во Лондон, но на враќање во Мадрид наиде на првиот проблем – не може да си го носи својот омилен број.

Коста го имаше бројот 19 во дрсот на Рајо Валјекано, Атлетико Мадрид и Челси, но сега тој број го има Лукас Ернандез, па Бразилецот го избрал бројот 18 за до крајот на сезоната. Инаку поред 19-та, Диего Коста во кариерата го носел бројот 17, 22 и 88.

Инаку Диего коста ќе заигра за Атлетико во јануари, кога и завршува суспензијата за забрана за трансфери на поранешниот шпански првак и финалист во ЛШ од ФИФА.