Промени во Барселона: Чави го менува човек кој досега тренирал младински екипи!

Каталонските медиуми пишуваат дека Чави Ернандез не отстапува од планот да замине на крајот на сезоната, а на негово место наводно ќе седне Рафаел Маркез.

Маркез во моментов го тренира Б-тимот на Барселона, а претходно работел во Алакле и ова ќе му биде прв голем предизвик во кариерата.

Мексиканецот во минатото играше за Барселона, но дел од навивачите не се сигурни дека ќе биде доволно добар за да го предводи каталонскиот гигант до нови титули.