Проблеми во Јувентус: Ѕвездите на тимот кренале бунт против Роналдо!

Кристијано Роналдо е еден од најдобрите фудбалери во Серија А, но неговиот тим Јувентус се бори за пласман во топ-4 и одамна ја загуби титулата.

„Старата дама“ има големи шанси да остане и без пласман во Лигата на шампиони и на три кола пред крајот се наоѓа на петтото место со тежок распоред.

Во соблекувалната на поранешниот првак не владее добра атмосфера, а „Газета дело Спорт“ објави дека соиграчите му се налутиле на Роналдо и кренале бунт против него затоа што сметаат дека има премногу слобода.

Роналдо не се појави на тренингот на екипата само еден ден откако Јувентус доживеа дебакл против Милан (0-3) на домашен терен и направи чекор назад во битката за топ-4.

Португалецот често отсуствува и поради различни спонзорски обврски, а многу негови соиграчи сметаат дека не е фер тој да има поинаков третман од останатите и поради тоа се влошиле односите меѓу нив.

Роналдо пристигна во Јувентус во 2018 година, а одигра 130 меча и постигна 99 голови.