Проблем за Анчелоти: Познато колку ќе паузира Себаљос
Фудбалерот од средниот ред го повреди скочниот зглоб, а според првите прогнози ќе биде два месеци надвор од терените.
Себаљос се повреди во натпреварот против Бетис кој Реал Мадрид го доби со 2-0, па мораше да го напушти теренот кон средината на второто полувреме.
Со неговата повреда се очекува повеќе простор за игра да добие капитенот Лука Модриќ. На стартот од сезоната Себаљос одигра три натпревари.