Синер и Алкараз се „промашија“ во групната фаза на завршниот мастерс во Торино!

Најдобриот тенисер во светот, Италијанецот Јаник Синер, ќе се натпреварува во групата „Илие Настасе“ на завршниот АТП Мастерс во Торино, каде што ќе игра против Русинот Данил Медведев, Американецот Тејлор Фриц и Австралиецот Алекс де Минор.

Ова беше утврдено со денешната ждрепка, според кога во групата „Џон Њукомб“ ќе се сретнат Германецот Александар Зверев, Шпанецот Карлос Алкараз, Норвежанецот Каспер Руд и Русинот Андреј Рубљов.

Првите двајца од секоја група ќе се пласираат во полуфиналето на турнирот, кој ќе се одржи во Торино од 10 до 17 ноември со награден фонд од 15,25 милиони долари.