Регионот во солзи: Почина таеквондистка од Хрватска – имаше само 22 години!

Хрватскиот спорт ја погоди трагична вест и тоа за смртта на 22-годишната Хана Влашиќ, повеќекратна шампионка и значајна фигура во хрватскиот таеквондо.

Таа оставила длабок траг во спортот, била пример на исклучителна посветеност и талент. Зад себе има бројни државни златни медали и неколку меѓународни титули: европска кадетска првенка (Родос, Грција 2017), европска јуниорска првенка (Анталија, Турција 2019) и петто место на Светското првенство во кадетска конкуренција (Лима, Перу 2016).

„Хана ќе остане вечен пример на вистинска спортистка, целосно посветена на своите цели“, напиша Хрватскиот таеквондо сојуз.

Хрватската спортска заедница е во шок по оваа трагедија, а младите спортистки ќе ја паметат Хана како инспирација и пример за идните генерации.