Преживеа тешка сообраќајка, а по шест месеци повторно заигра фудбал (ВИДЕО)

Напаѓачот на Вест хем, Мајкл Антонио ги одигра првите минути на теренот по тешката сообраќајна незгода во декември минатата година.

Антонио со неговото Ферари излета од патот и удри во дрво, при што целосно го уништи возилото, а притоа се здоби со тешки повреди.

Искусниот фудбалер ја преживеа тешката сообраќајка, по што работеше напорно и по шест месеци се врати на фудбалскиот терен.

Антонио влезе во игра на пет минути пред крајот во мечот меѓу Јамајка и Гватемала (0-1).