Премиерлигашките гиганти на готовс: Меси остана, Гризман пред заминување?

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси остана во Барселона после двонеделната сага и барањето за раскин на договорот, откако сфати дека не може да си оди без некој да плати ненормални 700 милиони евра, па сето тоа сега направи проблем во соблекувалната на каталонската гордост.

Кога Меси побарал раскин, а на новиот тренер Роналд Куман му соопштил дека „сака да си замине, но свесен е дека има пречка во големата отштета“, шпанските медиуми објавија дека Ентоан Гризман ќе биде новиот лидер на тимот и тој најмногу ќе добие од заминувањето на Аргентинецот, зашто холандскиот тренер му ветил дека ќе го гради тимот околу него и дека ќе му ја даде комплетната слобода на теренот.

Но, пресвртот во ситуацијата со Меси сега носи пресврт комплетен во тимот, па наводно Барселона до 5 октомври е подготвена да се ослободи од Гризман и затоа англиските премиерлигашки гиганти како Арсенал, Манчестер јунајтед и Ливерпул се на готовс. Сега очеуваат да ја видат комплетната разврска, откако Меси од утре ќе се врати на подготовките и да ги дознаат инсајдерски плановите на тимот, ама повеќе од јасно е дека односите на Меси и Гризман нема да се подобрат.

Во последниот период кога Меси најави заминување, беше објавено дека Аргентинецот се противел на ангажманот на Гризман на „Камп Ноу“, но раководството на клубот не го послушало и дале 120 милиони евра за да ја активираат клаузулата за трансфер на француската ѕвезда од Атлетико Мадрид. Гризман не играше во минатата сезона на нивото, иако даде 15 гола во сезоната.