„Прекинувањето на натпревари заради хомофобични или расистички извици е вистинско решение“

Францускиот фудбалски репрезентативец и член на каталонскиот гигант Барселона, Антоан Гризман ја поддржа идејата за прекинување на натпреварите заради хомофобија или расизмот.

Во првенството на Франција на стартот на сезоната веќе имаше неколку прекини на средби.

Мислам дека е правилна одлука да се прекинат натпреварите заради хомофобични или расистички испади. Ако ги прекинеме натпреварите, луѓето нема да бидат среќни и ќе престанат да го прават тоа, изјави Гризман за француските медиуми.

Инаку, напаѓачот ова лето од редовите на Атлетико Мадрид се пресели во Барселона за сума од 120 милиони евра.